Поврзете се со нас

Македонија

Капитенот доби нов договор: Силјановски и понатаму ќе биде лидер во Работнички

Објавено

на

Горан Силјановски и во иднина ќе ги брани боите на македонскиот прволигаш Работнички.

Големиот борец и тимот од Дебар Маало најдоа заеднички јазик и се договорија за нова соработка со важност од 18 месеци.

Среќни сме што успеавме да го задржиме капитенот Горан Силјановски во тимот и во наредните 18 месеци. Тоа е голема добивка за клубот од неколку аспекти. Ќе имаме одличен фудбалер во тимот, но и вистински лидер кој умее да ги мотивира и да ги насочи правилно младите фудбалери на Работнички, -истакна спортскиот директор на Работнички, Иван Поповски.

Претходно „романтичарите“ си подадоа рака за нови договори со тренерот Ратко Достаниќ, потоа Драган Стојков, Христијан Пецов и Ристе Јанков. Нови засилување пак е поранешниот македонски репрезентативец Муарем Муарем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни