Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Капело: Шокиран сум од тоа што го видов во Торино

Објавено

на

Барселона пристигна во Торино со статус на ранет тим по „Ел Класико“ поразот кој го претрпе од Реал Мадрид, но ако објективно се анализира тоа што се виде на теренот, редно е да се заклучи дека тимот на Роналд Куман немаше никакви последици од болниот неуспех на домашен терен.

Напротив, Барселона го одигра најдобриот меч под водство на Роналд Куман во Торино и самиот холандски стручњак го нагласи тоа по победата од 0:2, триумф кој според легендарниот Фабио Капело требал да биде изрзен со многу повисок резултат од оној конечниот.

Како аналитичар за „Скај“, Дон Фабио остана шокиран од енормната разлика во квалитет која ја презентираа двата тима, особено ако се знае дека Барселона се наоѓа во период на развој и адаптација под тренерската палка на Куман.

– Јувентус навистина многу страдаше против тим на Барселона кој се чинеше дека е во криза. Навистина бев изненаден од разликата во квалитет меѓу тим кој допрва се конструира и италијанскиот првак. Бев шокиран од разликата во интензитет и квалитетот на играта. Барселона ме импресионираше, можеа да постигнат осум гола наместо два.

– Видов еден динамичен и агресивен тим кој сака да победува. Меси исто така имаше огромно влијание за видената разлика на теренот, – изјави Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни