Поврзете се со нас

Светски првенства

Кантона распали: Еколошка катастрофа и хорор, нема да гледам ниту еден меч на мундијалот во Катар!

Објавено

на

Ерик Кантона е голем поборник на Светското првенство кое ќе се одржи оваа година уште од самиот старт, но на два месеци пред самиот старт на најважниот турнир, Французинот уште еднаш нагласи дека не планира да одгледа ниту еден меч.

Незаборавниот голгетер и напаѓач на Манчестер Јунајтед има добри аргументи за да го искаже сето свое незадоволство кон мундијалот во Катар, не само поради тоа што се игра на средина на сезона, туку и поради цела голема слика која се крие во позадина и која никој не ја истакнува во медиумите.

– Нема да гледам ниту еден меч на Светското првенство. Откако памтам за фудбалот од мали нозе, тоа беше турнирот кој го чекав со душа и страст. Но, ова Светско првенство нема никакво значење.

– Уште полошо, ова Светско првенство е ненормално. Катар не е фудбалска земја, нема страст, нема вкус. Еколошка катастрофа, со сите тие модерни стадиони и клима уредите во нив додека се играат натпреварите. Тешко лудило, тешка глупост.

– За мене ова е хорор. Колку илјадници луѓе умреа во таа земја додека да се направат стадионите. Само за ние да уживаме два месец, да се забавуваат луѓето. На никој не му е грижа за тоа. Не сакам да бидам дел од овој маскенбал, без оглед дали Франција ќе губи, или ќе победува. Има работи во животот кои се многу поважни од фудбалот, – порачува Кантона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни