Поврзете се со нас

Светски првенства

Кантона: Илјадници луѓе го загубија животот на ужасен начин, нема да го гледам мундијалот во Катар!

Објавено

на

Светското првенство во Катар ќе се игра во невообичаен термин и на крајот на 2022-ра година, што дефинитивно ќе ги поремети традиционалните клупски обврски и натпреварувања, но и целокупната подготовка за еден голем фудбалски настан.

Катарците инвестираа многу во инфраструктурата и ја добија поддршката од ФИФА иако многумина се противеа за мундијал во оваа земја, која според легендарниот Ерик Кантона во ниту еден случај не заслужува да биде домаќин на Светско првенство.

Незаборавниот француски напаѓач кој брилјираше во дресот на Манчестер Јунајтед најавува дека нема да го гледа мундијалот во Катар кој е чист бизнис на ФИФА, од едноставна причина што се заборавиле моралните вредности и многу работници го загубиле животот во обид да одговорат на проектот на Катар и набрзина да изградат модерни стадиони.

– Да бидам искрен, воопшто не се грижам за следното Светско првенство. Всушност, тоа не е Светско првенство за мене. Во изминатите години, видовме важни натпреварувања како Светско првенство и Олимписки игри во земји кои се во развој како Русија и Кина. Но, Катар не е фудбалска земја и сум против идејата да се одржува голем фудбалски настан во таква земја.

– Ако ме прашувате лично, јас нема да го гледам Светското првенство. Сфаќам дека фудбалот стана бизнис, но фудбалот потекнува од сиромашните, им дава шанса на сиромашните да изградат свои семејства. Фудбалот носи праведност, ако сте подобар од другиот ќе успеете. Во случајот со Катар, се е поради парите, а начинот на кој се третираа луѓето кои ги градеа стадионите беше ужасен. Илјадници работници загинаа градејќи ги тие стадиони, а сега некој ќе оди да го празнува фудбалот и мундијалот. Јас нема да бидам еден од нив, – потенцира Кантона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни