Поврзете се со нас

Шпанија

Кансело не исклучува сензационален трансфер претстојново лето: Чувствувам празнина кога го гледам мојот клуб

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Жоао Кансело игра како позајмен фудбалер во Барселона и голем дел од фановите се задоволни од неговите изданија, но сепак клубот не е сигурен дали ќе му продолжи долгорочен договор поради тешката финансиска состојба.

Десниот бек е нависитна важен за Чави Ернандес оваа сезона и тренерот посебно го цени поради фактот што може да игра на повеќе позиции, па иако прва цел на Жоао е да остане во Каталонија, сепак не исклучува опција за сензационален трансфер и враќање во својата Бенфика на 29 години.

– Да бидам искрен, имам огромна желба и страст да се вратам во Бенфика еден ден. Не исклучувам таква опција и во блиска иднина, имам голема желба да играм повторно за Бенфика.

– Сепак, би ми се допаѓало ако прво останам уште две или три години во Барселона, а потоа да завршам во Бенфика. Бенфика е мое семејство, ме потсетува на мојата мајка која почина. Бенфика ме навраќа на спомените со мојата мајка.

– Секојпат кога ја гледам Бенфика и не можам да и помогнам, чувствувам некоја празнина во себе. Не можам да гледам кога на мојот клуб не му оди добро на теренот, – вели Кансело кој е фудбалски продукт на „лисабонските орли“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни