Репрезентација
Канатларовски ги одреди играчите за последните два квалификациски предизвици

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на почетокопт на наредниот месец ќе одигра два квалификациски меча за Европското првенство, кои воедно се последни од овој квалификациски циклус.
Пресметките против Ерменија и Украина ќе бидат сериозен предизвик за избраниците на Драган Канатларовски, кој денеска селектираше и го состави списокот на повикани фудбалери.
Репрезентацијата на Македонија до 21 година на почетокот на јуни ќе ги одигра двата последни квалификациски меча за пласман на Европското првенство 2023 години во Романија и Грузија.
Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Марко Алчевски (Борец), Иван Николовски (Беласица);
Одбрана: Блертон Шеји (Шкупи), Кристијан Тасевски (Аугсбург, Германија), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина), Јован Манев (Брегалница), Виктор Крстевски (Гостивар);
Среден ред: Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Димитар Тодоровски (Работнички), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.), Емир Саитоски (Домжале, Словенија), Иван Николов (Вардар), Флорент Рамадани (Шкендија), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Лука Станковски (Газиантеп). Агон Елези (Вараждин), Методи Максимов (Работнички);
Напад: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Дашмир Елези (Шкендија), Марио Илиевски (Септември, Бугарија), Луан Абази (Вил, Швајцарија).
На 2-ри јуни играме со селекцијата на Ерменија на домашен терен, додека три дена подоцна, на неутрален терен во Турција ќе ги одмериме силите со Украина.
– За претстојните квалификациски натпревари, повикани се неколкумина нови фудбалери кои се очекува да бидат носители на играта во наредниот квалификациски циклус и оние фудбалери кои во досегашниот тек од квалификациите беа стандардни и ги одиграа поголемиот дел од мечевите.
– Младите фудбалери кои се очекува да играат и во наредниот циклус, по квалификациските натпревари ќе бидат тестирани и на два контролни меча со селекцијата на Босна и Херцеговина. Очекувам од моите фудбалери да го дадат максимумот на секоја средба. Секој натпревар си има посебно значење, првиот дуел го играме против Ерменија, сакаме победа и добар резултат пред домашната публика. Во вториот меч од квалификациите против Украина очекувам да покажеме карактер, добра игра и квалитет, што ќе биде увертира за тоа што не очекува во следниот квалификациски циклус, – изјави популарниот Цапар.
-
Светпред 23 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 23 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 22 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Италијапред 24 часа
Легендарниот Мацола за сензационалниот трансфер на Интер: Ова не се случило во фудбалот
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Светпред 19 часа
Тите: Оној тренер кој го игра Нејмар на крило е магаре!