Поврзете се со нас

Франција

Кампос за ситуацијата на Мбапе и Нејмар: Слушнав дури дека Килијан…

Објавено

на

Луис Кампос е човекот од кого сега зависат многу работи во Пари Сен Жермен, тој е човекот кој ги влече најважните потези околу екипата, па како таков многу добро знае што се случува во и околу тимот.

Имаше доста информации летово за односот меѓу ѕвездите Килијан Мбапе и Нејмар, многу се говореше на оваа тема и за накаков немир во соблекувалната, но колку од тоа е вистина е друга работата, па Кампос се обиде од прва рака да расчисти доста дилеми.

-Не. Дури слушнав дека Килијан барал да го исфрлиме Нејмар. Не. Сметаме на сите тројт. Минатата година Килијан беше најдобар играч на светот. Меси се адаптираше, Нејмар беше повреден, а Килијан го држеше тимот заедно. Тој е важен играч.

-Но, Нејмар е многу добар играч, нема сомнеж во тоа. И пред сè, сè што слушнав претходно за него, сигурно сум слушал погрешно бидејќи тој секогаш пристигнува на време. Го гледам Нејмар вклучен во тимскиот проект, во клупскиот проект, -порача Кампос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни