Поврзете се со нас

Македонија

Кам-бек во Чаир: Шкупи се договори со Бесник Ферати

Објавено

на

Лидерот во домашниот фудбалски шампионат, Шкупи ги обезбеди услугите на Бесник Ферати.

Ферати во изминативе години настапуваше за Партизани Тирана и Академија Пандев, но играчот од средината на теренот потекнува токму од школата на Шкупи што значи ова за него е враќање во Чаир.

-Многу сум среќен што се враќам во Шкупи. Посебна емоција за мене е да бидам дел од тим каде имам убави спомени и се надевам дека ќе имам што повеќе успеси. Уверен сум дека ќе продолжиме со добрата работа. Ќе се дадем се од себе за боите на овој дрес кој е посебен за мене. На навивачите им ветувам дека ќе дадам се од себе овој дрес, -изјави Ферати кои потпиша 18 месечен договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни