Поврзете се со нас

Италија

Калјари го претстави новиот тренер

Објавено

на

Калјари денеска и официјално го назначи наследникот на Еузебио Ди Франческо на тренерската позиција, а тоа е Леонардо Семпличи.

Семпличи спогодбено го раскина договорот со второлигашот СПАЛ за да ја прифати функцијата во тимот од Сардинија, а тука го чека сериозен предизвик.

Калјари во моментов е на третото место одзади во Серија А, со пет бодови заостанување зад Торино кој е прва екипа надвор од опасната зона.

Семпличи со себе донел и повеќе нови членови на стручниот штаб, со единствена амбиција да го задржи Калјари во елитното друштво.

Ди Франческо беше отпуштен иако пред две недели клубот му го продолжи договорот, а новиот тренер потпишал до јуни 2022 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни