Поврзете се со нас

АТП

Калин по голема борба избори место меѓу осумте најдобри во Монастир

Објавено

на

Foto:instagram.com/kalin_ivanovskii

Најквалитетниот македонски тенисер, Калин Ивановски обезбеди место меѓу осумте најдобри на ИТФ фјучерсот во Монастир што се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.

Калин мораше добро да се потруди, испоти за да дојде до четвртфиналето, односно денеска по два ипол часовна битка славеше над Адам Мундир од Мароко со 2-1 во сетови. Мароканецот беше подобар во првиот сет со 6-3, Ивановски возврати во вториот со 6-4 по што следуваше најизедначениот „период“ во кој мораше да се игра тај-брејк за конечен триумф на осмиот носител со 7-5.

Македонецот сега ќе може да се фокусира на следниот ривал, квалификантот од Австрија, Себастијан Зоргер кој денеска го победи четвртиот фаворит на турнирот, Робин Бертран.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни