Поврзете се со нас

АТП

Калин го надигра седмиот носител на турнирот во Мадрид

Објавено

на

Македонскиот тениски ас, Калин Ивановски дојде до уште една победа на ИТФ фјучерсот во Мадрид, овојпат против седмиот носител Џон Ечеверија кого го реши со 2-0 во сетови.

Повеќе од два часа траеше битката меѓу Македонецот и Шпанецот на теренот број 16, меч на кој првиот сет донесе вистинска драма која заврши со тајбрејк во кој победникот се доби по 20 поени (11-9).

И во вториот беше интересно, а тука талентираниот Калин беше подобар со 7-5 и пласман во четвртфиналето во кое ќе игра со првиот фаворит на турнирот, Николас Морено Де Алборан од САД кој е на 306 место на АТП листата.

Овој фјучерс се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни