Поврзете се со нас

Германија

Какво лудило: Ендо му донесе опстанок на Штутгарт во 92. минута, навивачите славеа како да ја освоиле Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Штутгарт и во наредната сезона ќе игра во првата германска лига и тоа откако денеска по една вистинска драма обезбеди доволно бодови за да остане во елитната конкуренција.

На Штутгарт му беше потребна победа над Келн и пораз на Херта на гостувањето кај Борусија Дортмунд. Меѓутоа долго време резултатите не беа во полза на составот од „Мерцедес-Бенц Арена“, меѓутоа крајот е најважен и тој додене еуфорија за домаќините.

Имено Дортмунд во вториот дел направи пресврт и дојде до триумф над Херта од 2-1, а тоа значеше дека Штутгарт мора се да направи за да триумфира и обезбеди опстанок. До 92 минута резултатот беше 1-1 кога по еден корнер Ендо се најде на вистинскот место и донесе победа.

Ова донесе огромна еуфорија, па навивачите по последниот судиски свиреж се симнаа на тревникот на стадионот, настана вистинско лудоло како нивниот тим да ја освои титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни