Типување
Како да му земеш на Sport Life 2,5 милиони со 20 денари!?
И порано имало милионски добивки, но изминатиот викенд вистинско изненадување приреди играчот во обложувалницата на Sport Life во Влае.
Со тикет од само 20 денари и 27 пара, успеа да ги погоди сите и да обезбеди неверојатна добивка од 2,5 милиони денари или поточно околу 40.000 евра.
Среќниот, но и вешт играч, одиграл 27 фудбалски натпревари од различни првенства, од кои дури 24 на конечен тип, а три се погодени на други игри за вкупен погоден коефициент во износ од 70.039. Така, со 20 денари остварил добивка од 1,4 милиони денари, но со бонусот Фибоначи, остварил плус 1,1 милиони денари, за да стане двоен милионер на Sport Life.
Изборот на натпревари и игри, од различни првенства му донесоа покрај висока добивка и многу неизвесности и возбуда.
Така на пример на два меча, головите за победа паѓаа во 96-тата минута, а на друг во 98-та минута. На мечот пак во Италија меѓу Модена и Имолезе, победничкиот гол е постигнат од голманот и тоа од 80 метри, во 91-та минута од мечот.
Покрај мечевите од пониските лиги на Англија, Белорусија, Бразил, Шпанија, Чешка и други, му се погодиле и мечевите од Бундеслигата. Еден по еден, сите 27 меча оделе во негов прилог, така во еден викенд, уплаќајќи рано в сабота, веќе во утринските часови во недела ја остварил целта. Со среќа нека му е добивката и добиениот бонус!
-
НБАпред 21 час
Денвер повторно ги преслуша Лејкерс, Ембид броеше до 50 во триумфот на Филаделфија
-
Шпанијапред 16 часа
„Мундо Депортиво“ објави ново видео и заклучи: Барселона е оштетена за чист гол (Видео)
-
Формула 1пред 17 часа
Голем удар за Ред Бул: Адријан Њуи најавил дека планира нов предизвик
-
Шпанијапред 14 часа
Промена во последен момент: Белингам во составот, друга ѕвезда на Реал отпадна за дуелот со Сосиедад
-
Македонијапред 20 часа
Анализа по првиот настап: Можеме и подобро, свежа мотивација за Золдер!
-
Англијапред 21 час
Гвардиола не се согласува со Клоп и Ван Дајк и одговори со различен став
-
Италијапред 20 часа
Јувентус договорил нов голман, наследникот на Шчесни ќе биде Италијанец
-
Англијапред 18 часа
Кулушевски доби најдобар можен роденденски подарок (Фото)