Поврзете се со нас

Светски првенства

Кака ги издвои фаворитите за пехарот на СП

Објавено

на

Оваа година се игра Светското првенство во Катар и тоа во периодот од 20 ноември до 18 декември што секако е многу поразлично од досегашните мундијалски изданија.

Се очекува овој шампионат да биде интересен, возбудлив, неизвесен, да донесе и изненадување и затоа сите со нетрпение го очекуваат собирот на најдобрите светски селекции.

Бразилецот Кака знае како е да се слави на најголемиот фудбалски настан, па се обиде да ги издвои селекциите кои според него можат да дојдат до тронот.

-Аргентинците имаат зрели играчи и одличен тренер (Лионел Скалони). Мислам дека тие и Бразил имаат големи шанси да го освојат претстојниот мундијал.

-Посебно би ја истакнал Франција, бидејќи таа е актуелен шампион и има фантастични играчи. Шпанија и Германија традиционално се во конкуренција за пехарот, а ја имаме и Португалија која е добра репрезентација, но многу ќе зависи од тоа во каква форма ќе биде Кристијано Роналдо. Тука е и Белгија, иако тие главно не успеваат и покрај силниот состав, -порача Кака за „Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни