Поврзете се со нас

Репрезентација

Кадетките победнички го отворија ЕХФ шампионатот во Литванија

Објавено

на

Македонската женска ракометна репрезентација до 17 години имаше успешен старт на ЕХФ шампионатот во Литванија.

Нашите надежи беа расположен и убедливи против селекцијата на Косово која ја решија со 33-15. Ова беше средба во која сите дилеми околу победникот ги решивме во првото полувреме кое го реализиравме со 17-5 за да во продолжението само ја зголеми предноста над Косоварките.

Јанкуловска со 6 гола беше прв стрелец, по 5 дадоа Еленин и Дукоска. Утре нашите девојки се соочуваат со домаќинот на турнирот Литванија која во првиот натпревар загуби од Финска со 30-27.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни