Поврзете се со нас

Репрезентација

Кадетите остварија значајна победа над Словачка во квалификациите за ЕП

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација оствари победа над Словачка од 27:26 во првиот меч од квалификациите за Европското првенство што оваа година се игра во Црна Гора.

Избраниците на Танески одиграа борбени 60 минути во кои не беше воопшто лесно да се скрши отпорот на противникот и да се дојде до посакуваниот резултат во салата Автокоманда во Скопје.

Првиот дел завршни 14:14, во вториот гостите водеа и со два-три гола разлика, но финишот им припадна на нашите надежи кои покажаа карактер, го свртеа резултатот и дојдоа до триумф кој може да се покаже како клучен за пласман на собирот на најдобрите европски селекции.

Кадетите утре се соочуваат со Швајцарија која пак денеска немаше проблеми со Косово (33:19)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни