Италија
Јувентус ја потврди чистката во раководството и го објави името на новиот генерален менаџер

Јувентус ќе има целосно ново раководство од почетокот на следната година, а со официјално соопштение го потврди заминувањето на претседателот Андреа Ањели и неговите најблиски соработници.
Ањели поднел оставка заедно со Павел Недвед и Маруицио Аривабене, а истиот потег го направиле и сите членови на Бордот на директори, чиј нов состав ќе биде избран на акционерското собрание закажано за 18. јануари 2023 година.
Потегот доаѓа по истрагата за наводни малверзации при пресметката на профитабилноста од одредени трансфери во минатото, со што клубот не ги објавувал точните податоци во однос на финансиското работење.
Клубот потенцира дека Аривабене привремено ќе биде Извршен директор за да помогне во процесот на трансформација, а нов генерален менаџер ќе биде Маурицио Сканавино.
Без фудбалско и спортско искуство, Сканавино е телекомуникациски инженер, кој во минатото работел во повеќе бизниси како консалтинг, автоиндустрија и издаваштво, а важи за близок човек на Џон Елкан (братучедот на Андреа Ањели) и починатиот Серџо Маркионе.
Јасно е дека Сканавино е избор на Елкан, кој пак ја извршува највисоката менаџерска позиција во компанијата која е сопственик на управувачкиот пакет акции на Ферари, Јувентус, автомобилскиот гигант Стелантис и издавачката групација ГЕДИ во која се вклучени весниците Ла Стампа, Ла Република и други регионални весници и магазини.
-
Светпред 21 час
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 24 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 22 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Италијапред 13 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Англијапред 16 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Челси и Бенфика конечно се договорија: Енцо Фернандез за рекордна сума се сели на „Стемфорд Бриџ“