Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ ја доби битката со Вилијамсон, Лејкерс ја прекина серијата на лоши резултати (ВИДЕО)

Објавено

на

Никола Јокиќ излезе како победник од битката со Зајон Вилијамсон, односно неговиот Денвер Нагетс како гостин славеше во Њу Орлеанс со 113-108.

Ова беше дуел во кој Никола и Зајон дадоа се од себе за да донесет триумф на своите тимови, но на крајот само еден можеше да биде победник и тоа во случајот беше Србинот кој имаше подобра поддршка од соиграчите.

Ѕвездата на Нагетс реализираше 37 поени, 6 скокови и 9 асистенции, а добри беа Мареј и Портер Џуниор кои заедно искомбинираа 48 кошеви.

На другата страна кај „пеликаните“ Зајон имаше дабл-дабл од 39 поени, 10 скокови на кои додаде 5 асистенции, додека втор на листата беше Бледсо со 16 кошеви.

ЛА Лејкерс ја прекина лошата резултатска низа (четири порази) и тоа против Кливленд Кавалирс кој беше совладан во „Стејплс Центарот“ со 100-86. Резервистот Херел беше најрасположен за игра, даде 24 поени со 10 скока, зад него беше Шрудер со 17 поени.

Ова за „езерџиите“ беше 29 славје со што е на 4 позиција на Западот.

Останати резултати:

Милвоки – Бостон 114-122
Торонто – Феникс 100-104
Шарлот – Мајами 110-105
Минесота – Хјустон 107-101
Орландо – Портланд 105-112
Далас – Индијана 94-109
Јута – Мемфис 117-114
Голден Стејт – Атланта 108-124

Детроит-Бруклин 111-113

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни