НБА
Јокиќ: Цел живот ме потценуваат, навикнат сум на тоа
Кошаркарите на Денвер Нагетс се изборија за славје над Мајами Хит од 123-106 и со тоа покажаа дека имаат намера да бидат значаен фактор во НБА лигата до крајот на сезоната иако ќе го немаат на располагање плејмејкерот Џамал Мареј кој заработи потешка повреда.
Одново улогата на лидер ја имаше Никола Јокиќ кој дојде до 15. трипл-дабл во сезоната со 17 поени, 11 асистенции и 10 скокови.
-Тажно е што се случи со Џамал. Заедно добро функционираме на теренот. Ќе ни недостасува, тој е важен дел од овој тим. Сепак, тоа не значи дека ќе се предадеме. Никој не може да го замени, но ако го подигнеме нивото на игра, можеме да победиме.
-Ние победивме добар тим кој е секогаш незгоден. Ние мора да продолжиме да играме како тим. Сигурно ќе биде тешко, ќе ни биде потребен Џамал. Ама на него му е најтешко, се надеваме дека ќе се опорави како што треба. Тоа е сериозна повреда, следува најтешкиот период во неговиот живот, -рече Јокиќ.
По најновите случувања паднаа и шансите на Денвер за титулата, но Србинот нема намера така лесно да се откаже од таа цел.
-Цел живот ме потценуваат. Навикнат сум, тоа е нормална позиција за мене. Сепак, тоа може да ни помогне, не сме под притисок, -заврши центарот на составот од Колорадо.
-
НБАпред 17 часа
Денвер повторно ги преслуша Лејкерс, Ембид броеше до 50 во триумфот на Филаделфија
-
Шпанијапред 12 часа
„Мундо Депортиво“ објави ново видео и заклучи: Барселона е оштетена за чист гол (Видео)
-
Формула 1пред 13 часа
Голем удар за Ред Бул: Адријан Њуи најавил дека планира нов предизвик
-
Шпанијапред 10 часа
Промена во последен момент: Белингам во составот, друга ѕвезда на Реал отпадна за дуелот со Сосиедад
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола не се согласува со Клоп и Ван Дајк и одговори со различен став
-
Македонијапред 16 часа
Анализа по првиот настап: Можеме и подобро, свежа мотивација за Золдер!
-
Италијапред 16 часа
Јувентус договорил нов голман, наследникот на Шчесни ќе биде Италијанец
-
Англијапред 14 часа
Кулушевски доби најдобар можен роденденски подарок (Фото)