Поврзете се со нас

Зимски спортови

Јохауг од Норвешка прва носителка на олимписко злато од игрите во Пекинг

Објавено

на

Одличната скијачка од Норвешка, Тереза Јохауг е првата олимписка шампионка откако успеа да победи на денешниот скијатлон на 15 километри, 7.5 во класичен и 7.5 во слободен стил.

Јохауг покажа шампионски амбиции уште од стартот на трката кога се приклучи на водечката гурпа скијачки, а промената на скиите ја дочека како првопласирана со секунда повеќе од своите конкурентки.

Во слободен стил таа дополнително ја зголеми предностаина крај на целта пристигна многу пред второпласираната Наталија Неприајева и Тереза Штадлебер.

Инаку, ова е првото олимписко злато за Јохауг во индивидуална конкуренција. Таа претходно освои злато на игрите во Ванкувер 2010 и бронза во Сочи, но како член на штафетната норвешка репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни