Билијард и Снукер
Јашари го освои и вториот турнир од „Алфа Плам Националното првенство“ во снукер

Актуелниот првак на Македонија во снукер, Берат Јашари, победи на вториот турнир од „Алфа Плам Националното првенство“ кој викендов се одигра во Скопје.
Во финалниот меч тој го совлада Петар Панов со 3:0 покажувајќи добра форма и мотивираност во пресрет на претстојните меѓународни настапи. Со втората победа, воедно тој се издвои на врвот на табелата како најсериозен кандидат за титулата во 2023 година.
– Во полуфиналето со Павле Данилов успеав да се вратам откако противникот стекна почетно водство и на крајот да победам со 3:1. Во финалето со Петар Панов имав впечаток дека тој не беше на нивото од првиот ден кога играше убаво во квалификациите и постигнуваше брејк од 70 поени. Мислам дека и финалниот меч траеше покусо отколку полуфиналето, можеби го имаше совладано замор, а обратно од тоа јас подобро играв на вториот ден и тоа навистина ми даде поголема самодоверба во пресрет на настапот на Европско првенство,- изјави Јашари.
Медали за третото место на овој турнир што се играше во „Гран Клуб – Снукер Арена“ освоија Павле Данилов и Владо Матоски.
Во текот на идниот месец ќе се игра Европското снукер првенство во дисциплината „6 црвени“, а на кое треба да настапи и Берат Јашари, а дополнително Снукер федерацијата во Албена, Бугарија ќе испрати и двајца судии, кои најпрво ќе ја завршат обуката на ЕБСА, а потоа да бидат дел и од турнирот.
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 12 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Германијапред 13 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 15 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Англијапред 11 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 8 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 16 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 6 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)