Поврзете се со нас

Репрезентација

Јагуриновски: Подготвени сме за Норвешка, ќе се надигруваме со сите противници

Објавено

на

За „Дерби“ од Краков,
Ристе Влахов

Македонската репрезентацијаја го започнува настапот на Светското првенство и тоа против Норвешка во Краков.

Ова е средба која се игра во вечерниот термин од 20:30 часот во „Таурон арена“, дуел на кој скандинавците важат за апсолутни фаворити на хартија, ама тоа ќе мора да го потврдат на теренот. Во нашиот табор се свесни за квалитетот на противникот, меѓутоа од друга страна се свесни и за своите способности, подготвени се за надигрување и оставање на најдобар можен впечаток

-Подготвени сме за Норвешка, тие се фаворити, но ќе дадеме се од себе да го изненадиме и оствариме добар резултат. Норвежаните играат одличен ракомет, познати се по таа нивна брза игра. Подготвени сме и верувам дека можеме да одиграме добар натпревар и да ги изненадиме. Ми се допаѓа овој систем, ми одговара оваа побрза игра. Јас мислам дека сме добри и ќе бидеме само уште подобри во иднина.

-На „Кроација Куп“ во Хрватска игравме коректно во нападот, одбраната беше на пониско на пониско ниво и тоа мора да го поправиме. Нормално е кога играш брзо мораш да примаш и повеќе голови. Норвешка игра скандинавски ракомет, знаат што прават, треба да бидеме вниманителни, не смееме да грешиме. Одиме на победа на секој натпревар, ќе се надигруваме со сите, -истакна новото засилување за Вардар, Томислав Јагуриновски.

Само за потсетување во нашата група се уште Аргентина и Холандија, тие својот меч ќе го одиграат од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни