Поврзете се со нас

Македонија

Извлечени групите за Суперлигата, Металург во првото коло ќе се соочи со Пелистер 2

Објавено

на

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска се извлекоа групите за натпреварувачката 2020/2021 во машка конкуренција.

Со оглед на тоа што лигата ќе биде проширена и ќе започне со 14 екипи, добивме две групи од по седум прволигаши. Во првата група А се најдоа Струга, Јуниор Кисела Вода, Астраион, КЛ7, Охрид, Радовиш, и Пролет, додека пак во групата Б се Металург, Прилеп, Работнички, Младост Богданци, Тиквеш, Бутел Скопје, и Еурофарм Пелистер 2.

Првото коло закажано за месец септември ни ги носи следниве дуели: Астраион – Радовиш, Јуниор К. В. – Пролет, КЛ7 – Охрид, Младост – Тиквеш, Работнички – Бутел Скопје, Металург – Е. Пелистер 2 (Прилеп и Струга се слободни).

Најдобрите три тима од секоја група ќе продолжат во следната фаза во која ќе се приклучат Вардар и Еурофарм Пелистер.

Оние пак што ќе завршат од 4 до 7 место ќе играат плејаут за опстанок.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни