Поврзете се со нас

Германија

Изненадувачки трансфер: Баерн враќа клупска легенда за да ја засили одбраната на Тухел (Фото)

Објавено

на

Foto:fcbayern.com/en

Баерн Минхен вчера се спасуваше од пораз и одигра 2:2 на гостувањето кај Ред Бул Салцбург, и тоа со два гола постигнати во второто полувреме.

Германскиот првак засега ги оправдува очекувањата кога е офанзивниот дел од тимот во прашање, но на стартот на сезоната повторно се провлекува проблемот од минатата сезона, а тоа е лошата игра во одбрана.

Томас Тухел не е задоволен од ширината која ја има на клупата за резерви и тоа го нагласи во неколку наврати, па сега неговото барање ќе биде решено со враќање на една клупска легенда.

Џером Боатенг ќе потпише краткорочен договор и ќе биде изненадно засилување за одбраната на Баерн, бидејќи Тухел смета дека стоперските позиции не се доволно добро покриени со Ким, Упамекано и Де Лихт, особено кога на програмата има натпревари секои три дена.

Боатенг утрово бил дел од тренингот на Баерн Минхен и се појавил во клупските обележја, па очекувањата се дека во наредните период клубот и официјално ќе го потврди неговиот ангажман.

Искусниот стопер е жива легенда на Баерн и мина во клубот цели десет години, а сега ќе се врати како слободен агент откако му заврши договорот со Лион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни