Поврзете се со нас

АТП

Ивановски успешно ја мина првата пречка во Франција

Објавено

на

Најквалитетниот македонски тениски ас, Калин Ивановски оваа седмица е активен на ИТФ фјучерсот во Поатје (Франција) каде во првиот меч ја потврди улогата на фаворит со чиста победа од 2-0.

Ивановски го надигра Метју Вилијам Доналд од Чешка на теренот А со 6-2 и 6-4 во средба која траеше точно еден час и десет минути. Ова за Калин е позитивен почеток, а за нареден ривал како трети носител го има квалификантот Александре Реко кој е на 768 место на АТП листата.

Турнирот во Поатје се игра на тврда подлога и тоа за награден фонд од 15.000 американски долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни