Поврзете се со нас

АТП

Ивановски со победа го отвори вториот турнир во Куршумлиска Бања

Објавено

на

Foto:instagram.com/kalin_ivanovskii

Калин Ивановски имаше извонредна недела во Куршумлиска Бања и играше во двете финалиња изминатиот викенд, а по поразот во финалето во поединчена конкуренција и титулата во двојки, најдобриот македонски тенисер остана да игра на вториот турнир на истото место.

Калин денеска го стартуваше новиот турнир во Куршумлиска Бања од ИТФ фјучрс серијата, а како еден од носителите за висок пласман, Македонецот лесно се пласираше во следната рунда.

Ивановски сигурно ќе атакува на ново финале во поединечна конкуренција и ќе се обиде да стигне до трофејот кој му избега во неделата, со тоа што во прилог му оди и денешната увертира која ја имаше.

Македонскиот тенисер без преголема борба ја мина првата пречка и се пласираше понатаму, откако одигра само еден сет во дуелот со Матија Жугиќ.

Калин го доби првиот сет со 6:3 и покажа дека е подобар тенисер, додека во вториот воопшто не се играше откако домашниот тенисер го предаде мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни