Поврзете се со нас

Шпанија

Итуралде: Касемиро мораше да добие црвен картон пред крајот на првото полувреме на „Месталја“ (Видео)

Објавено

на

Валенсија беше подобар ривал од Реал Мадрид по 70 минути игра на „Месталја“ и дојде до предност од 1:0, но во фуриозни две минути во финишот, „кралскиот клуб“ направи пресврт и со головите на Винисиус и Бензема.

Реал се радуваше на тешко освоени три бода и Карло Анчелоти призна дека главната разлика ја направило пошироката клупа која ја има неговиот тим, но од друга страна пак, фановите на Валенсија сметаат дека конечниот резултат бил неправда поради прикажаното на теренот, но и поради фактот што Касемиро минал без казна во првиот дел.

Пред самиот истек на првите 45 минути, Касемиро грубо стартуваше над Макси Гомез со лизгачки старт, а судијата Фуеретс покажа жолт картон. Со оглед на тоа што стартот беше со отворен ѓон, играчите на Валенсија силно протестираа и бараа прекршокот да биде прегледан со ВАР, но тоа не се случи и Касемиро остана на теренот.

Во својата анализа за мечот, експертот Итуралде Гонзалес нагласи дека Бразилецот бил помилуван од главниот арбитар, бидејќи неговиот старт бил за чист црвен картон.

– Стартот на Касемиро е чист црвен картон, без никаков сомнеж. Сакам да ве потсетам дека нема никаква врска тоа што нема намера, начинот на кој го прави стартот на нога е пресудувачки. Касемиро требаше да биде исклучен за сериозен прекршок, – објаснува поранешниот најдобар шпански судија.

Видеото од стартот погледнете го на овој ЛИНК

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни