Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Италијанскиот репрезентативец: Се плашам од крадци и убијци, не од Манчестер Сити!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Во најавата за големото финале во Лигата на шампионите, играчите на Интер денеска го одработија планираниот „медија-деј“ од кој дел се сите новинари кои сакаат да добијат изјави од актерите пред клучниот натпревар.

Завршната сцена во најелитното натпреварување оваа сезона ќе се случи во Истанбул и силите ќе ги одмерат Интер и Манчестер Сити, натпревар на кој англискиот првак влегува како апсолутен фаворит за освојување на прв историски трофеј.

Историјата на Интер е побагата и клубот од „Џузепе Меаца“ добро знае какво е чувството да се освои Лигата на шампионите, па поради тоа, играчите на Инѕаги влегуваат без страв и преголем респект кон тимот кој најверојатно го игра и најубавиот фудбал во Европа.

– Ова е финале, сигурно ќе биде тежок меч. Батериите ни се полни и одлучни сме во тоа што сакаме да го направиме, пресреќен сум што ќе бидам дел од ваков меч, – изјави стоперот Бастони и додаде.

– Гледавме многу натпревари на Сити оваа сезона и ако дозволиме да ја играат својата игра, тогаш ќе бидеме во големи проблеми. Дали се плашиме од Сити? Се плашам од крадци и од убијци, не од Манчестер Сити и момци на моја возраст. Ние треба само да излеземе на теренот и да играме фудбал, нема од што да се плашиме, мора да излеземе со чисти мисли на теренот, – порачува Бастони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни