Поврзете се со нас

Европски првенства

Италија рутински со Малта, ново гол шоу на Португалците (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Италија ја забележа првата победа во квалификациите за Европското првенство и тоа против аутсајдерот Малта кого го доби со 2-0 на негов терен.

Избраниците на Манчини имаа јасна цел на овој натпревар по старрниот пораз против Англија во Неапол, цел која ја остварија и тоа со голови во првото полувреме. Новото име во таборот на „аѕурите“ Ретеги го отвори резултатот во 15 минута, додека во 27 на 2-0 зголеми Песина на асистенција на Тонали.

Со овој триумф Италијанците се израмнија со Македонија на табелата.

Португалија имаше ново гол шоу, па откако пред три дена го решија Лихтенштајн со 4-0 вечерва го декалсираа Луксембург со 6-0.

Роналдо даде два гола, по еден Жоао Феликс, Силва, Отавио и Леао кој воедно не реализираше и удар од 11 метри.

На другите две вечерашни битки, Словачка беше подобра од БиХ (2-0), а Финска од Северна Ирска (1-0).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни