Поврзете се со нас

Олимписки игри

Историски успех: Македонија го доби првиот таеквондист на Олимписки игри! (Фото)

Објавено

на

Македонија го доби првиот таеквондо претставник на едни Олимписки игри, откако Дејан Георгиевски ова попладне направи историја и обезбеди виза за летниот спектакл во Токио.

Во европскиот квалификациски турнир за Олимписките игри во категорија над 87 килограми кој се одржа во соседна Бугарија (Софија), Георгиевски славеше над националниот шампион на Азербејџан и направи најдобар резултат во совјат кариера, а истиот беше доволен за историја.

Македонецот го победи Радик Исаев и заслужено се избори за најголема награда и настап на Олимписките игри, а претходно оствари победа и над Динко Шегетин која беше најва за историскиот подвиг.

Македонецот Георгиевски е вториот сигурен патник во Токио ова лето, бидејќи од претходно олимписка виза обезбеди и борачот Могамедгаџи Нуров, а цела јавност верува дека ќе имаме и трет претставник во каратистот Емил Павлов кој допрва треба да настапи на квалификациски турнир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни