Поврзете се со нас

Италија

Историја во Серија А: Дојде денот кој многумина не можеа да го замислат во Италија

Објавено

на

Предрасудите дека фудбалот е само спорт за мажи сите се обидуваат да ги исфрлат од спортското семејство веќе две децении наназад, а потезите кои се повлекуваат во последните години јасно укажуваат на тоа дека жените се почесто се инволвирани на највисоко ниво.

Италија важеше за земја која силно се противеше да оди против традицијата на фудаблот, но претстојниот викенд, Серија А ќе донесе фудбалска историја на Апенините, бидејќи за првпат една дама ќе биде главна судија на натпревар во елитата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека конечно дојде денот кој многумина не можеа да го замислат и мислеа дека никогаш нема да дојде, па такананречената табу-тема ќе биде прекината со инволвирањето на Марија Соле Капути.

Таа е делегирана за главна судијка на натпреварот меѓу Сасуоло и Салернината кој се игра овој викенд, бидејќи Капути ќе ја дели правдата и ќе биде одговорна за сите важни одлуки на „Мапеи“ стадионот.

– Марија Соле Капути ќе дебитира во Серија А поради свои заслуги поради својата способност и вештини кои ги покажа. Ова беше долг проект на италијанската судиска асоцијација и сите сме горди што дојде овој ден, – изјавил претседателот на АИА (италијанската асоцијација на судии), Алфредо Тренталанџе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни