Поврзете се со нас

НБА

Ирвинг со лажна финта го измести Леброн, па го провоцираше: Ова ли е најдобриот шутер (Видео)

Објавено

на

Пресметката меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Бруклин Нетс донесе дуел меѓу двата тима кои на хартија се главни фаворити за директен дуел во НБА финалето, па од страна на гостите, видовме и доста провокации кои се најава за кошаркарска „војна“ во иднина.

Бруклин благодарение на тимската игра успеа да оствари победа и продолжи со серијата триумфи, неутрализирајќи го одличното издание на Леброн Џејмс кој беше најдобар поединец на паркетот со 32 поени, 8 скокови и 7 асистенции.

Иако „Кралот Џејмс“ беше одличен, тој беше играчот кој доби и една ниска провокација од својот поранешен соиграч Кајри Ирвинг, за кого добро познато е дека си замина од Кливленд за да избегна од „сенката“ на Леброн.

Кајри му продаде една финта на Леброн по која овој не знаеше каде е топката, но исто така и го провоцираше по една утка на играчот на Лејкерс од слободно фрлање.

– Ова ли ви е најдобриот шутер….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни