Билијард и Снукер
Интервју со Најџел Бонд: Секогаш треба да играш со посилни од себе за да напредуваш!
Македонската снукер сцена е пораздвижена од кога и да било порано, особено по отворањето на Снукер Арената во Скопје, која функционира како дел од Гран Клуб.
Минатата седмица, под раководство на Најџел Бонд, поранешниот професионален играч, македонските репрезентативци се подготвуваа за настап на Европското првенство во снукер, кое се одржува на Малта. Ова беше нова посета на Најџел Бонд, со кого поразговаравме на тековните теми.
ДЕРБИ: Ова е Ваше шесто доаѓање во Македонија, при што меѓу последите две мина многу време поради пандемијата. Како гледате на развојот на снукерот во Македонија?
– Кога дојдов прв пат пред 12 години, ситуацијата беше значително поразлична од денес. Павле Данилов беше најдобар играч, еден од неколкуте, пет-шест играчи, а воедно и државата ја немаше признаено тогашната федерација. Сега, по деценија и пол напорна работа од страна на ентузијастите кои ги предводи Лазар Лазаревски, може да се рече дека има големи промени. Има се повеќе играчи, се појавуваат нови млади играчи, има јуниори кои тренираат и за кои сметам дека се надежни, плус постои федерација за снукер, веќе има неколку играчи што играат добро, плус ќе играат на Европското првенство во Малта. Сето тоа беше невозможно претходно, прогресот можеби доаѓаше бавно, но ова што го имате денес е прекресно! Се надевам дека во иднина ќе има уште поголем развој, со повеќе клубови, со повеќе маси за снукер, бидејќи на играчите им требаат натпревари.
ДЕРБИ: Веројатно би можеле да зборуваме и за зголемување на планетарната популарност на снукерот, но се чини дека тој тренд е присутен и на Балканот?
– Имаше европски првенства кои се играа во регионов, во Бугарија, во Албанија, но исто така може да се види развој и ширење на снукерот во Србија, Босна и Херцеговина, генерално низ цела Југоисточна Европа во последните 15 години. Претпоставувам дека и покривањето на светските настани од една голема ТВ мрежа исто така помогнаа за повеќе луѓе да имаат пристап и да ја запознаат играта. Знам дека македонските играчи играат и во балканската лига, тоа е убаво. Најдобар начин за напредок е да се игра успешно во Балканската лига. Секогаш треба да се игра со посилни играчи, така ќе ја подобрат својата игра. Турнирот во Малта ќе им помогне во тој поглед.
ДЕРБИ: Како ги оценувате македонските играчи кои ги запознавте сега?
– Во овој момент Берат Јашари се издвојува и мислам дека тој може да изненади некого во Малта. Има капацитет за тоа. И Петар Панов има природен талент, а другите се веднаш зад нив. Генерално, нма потреба да учат за техниката, туку повеќе за меч тактиката. Би типувал дека Берат ќе добие шанса да влезе во елиминациските дуели. Секој играч мора да тренира, да работи на себе, да се фокусира.
ДЕРБИ: Имавте можност да одиграте еден фрејм и со младинскиот шампион во Македонија, 12-годишниот Андреј Ѓурчиновски?
– Да, Андреј е иднината, треба да му се дадат уште две-три години да се посвети и ќе биде многу подобар. Личи дека е многу расположен. Најважно е да уживаш во играта, да имаш барем основна техника, малку природна дарба. Сега е многу полесно преку турнирите да се развиваш, прво на турнирите во Македонија, а потоа и во странство.
ДЕРБИ:Имате ли можеби некој совет, како до побрз напредок?
– Кога ќе се појави еден добар играч во една земја, се случува „бенг“. Кога јас бев млад, на пример немаше професионалец од Тајланд, но заедно со мене во про-серијата почна и Џејмс Ватана, и одеднаш, таму играта почна да расте. Исто и во Кина, игравме неколку турнири таму, немавме впечаток дека многу не следат. Но кога се појави Динг, работата „експлодираше“. Така ќе биде и во Македонија, само еден играч да постигне поголем успех…
ДЕРБИ:Играчите кои не се професионалци се најбројни во играчката популација. Какви совети можете да им дадете?
– Би рекол дека околу 90% се аматери, тоа се млади играчи. Тешко е да се дисципинираш, да се фокусираш само на снукерот. Јас го напуштив училиштето на 16 години, не помислував дека ќе станам снукер играч. Почнав да учам колеџ, некои бизнис студии, па почнав да работам во локалниот совет. Паралелно почнав да настапувам на јуниорските турнири, но дури откога почнав да победувам на големи турнири како „Про Ам“, некаде на 20 години решив да ја напуштам работата и да се посветам на снукерот. Тоа не е лесна одлука, мора да имаш и „план Б“. Само неколкумина ќе играат на врвот, само 128 играчи можат да играат во про-серијата.
ДЕРБИ: Какво е Вашето видување на актуелната снукер сцена, сега откако се повлековте од активното играње? Има ли нови имиња на кои треба да обрнеме внимание?
– Се уште сум ангажиран во бордот на WPBSA, нон плејиг дајректор, но рабтам како тренер. На снукерот во моментов му недостига Кина. Се играат некои турнири, некои се само со покана, но нема доволно рангирани турнири. Сега се откажа и турскиот мастерс. Ако Кина остане затворена уште некоја година, тоа е голема загуба, ќе мора да се бараат други локации. Се надевам дека работата ќе мрдне. Играчите сакаат да играат, да се натпреваруваат, да заработат за живот. Меѓу младите, тука е Стен Муди – тој е добар нов играч, голем талент. Лијам Пулам уште не е професионалец, но нема да биде така уште долго. Кинескиот играч кој победи во Австралија минатиот месец, ќе биде дел од про-серијата идната година. Украинецот Јулијан Бојко стана професионалец на 15 години, но го загуби местото и сега ќе се потруди во Малта да се врати.
-
Шпанија22 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Шпанија23 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Свет8 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Германија21 час
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Англија19 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Англија21 час
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Европски купови9 часа
Ракометна магија во Скопје: Неверојатната акција на Вардар за која зборува цела Европа (Видео)
-
Шпанија24 часа
Агуеро ја тужи Барселона за неисплатен долг