Поврзете се со нас

Англија

Интересен потег на Манчестер Јунајтед: Во управата го носат братот на некогашните играчи на клубот

Објавено

на

Од раководството на Манчестер Јунајтед ќе повлечат потег кој од една страна е помалку неочекуван, а од друга доста интересен.

Имено, во клубот планираат да го донесат братот на некогашните фудбалери на Манчестер Јунајтед, Мајкл и Вил Кин.

Том Кин ќе се приклучи на раководната структура на клубот и ќе го замени Мет Џаџ, човекот кој досега беше задолжен за преговорите при трансфер зделките на клубот.

Том Кин е фан на Манчестер Јунајтед од мали нозе, а со својата фирма „Брендсмитс“ посредува во фудбалски зделки на бројни фудбалери, менаџери и спортски работници.

Улогата која ќе ја има Кин ќе биде консултантска и тој ќе го искористи своето искуство за да помогне на клубот да бидат ангажирани нови засилувања.

Засега Манчестер Јунајтед нема донесено ниту едно ново име во своите редови иако за една недела е закажана првата прозивка на новиоттренер Ерик Тен Хаг кој претходно најави дека сака да има голем дел од фудбалерите на кои ќе смета за следната сезона токму на стартот на подготовките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Keane (@michaelkeane93)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни