Поврзете се со нас

Италија

Интер сака да донесе двајца играчи во зимскиот преоден рок

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Интер има намера да биде доста активен во зимскиот преодек рок.

Еден од најреномираните медиуми на Апенините „Газета Дело Спор“ пренесува дека клубот од Милано сака да донесе нов напаѓач, односно замена за Алексис Санчез. Чилеанецот е незадоволен и постои голема можност да си замине, па затоа „нероаѕурите“ ќе се впуштат на пазарот каде во фокусот се две имиња-Лука Јовиќ од Реал Мадрид и Александре Лаказет од Арсенал.

Јовиќ и оваа сезона не е во прв план во Реал, додека пак на Лаказет му истекува договорот во 2022 година што значи дека за мала сума на пари може да заврши во таборот на калчолигашот.

Во исто време Интер продолжува да биде заинтересиран и за Нахитан Нандез од Калјари, играч за кого шампионот притискаше и во летниот преоден рок.

Уругваецот може да покрие неколку позиции и да му даде повеќе опции, енергија на тренерот Симоне Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни