Поврзете се со нас

Италија

Интер ќе ја промени стратегијата со Инѕаги

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Inter

Симоне Инѕаги ја има најдобрата сезона на кормилото на Интер, сезона во која екипата игра навистина атрактивен, квалитетен фудбал, сезона во која доминира во Серија А, го освои Супер Купот на Италија, додека пак единствениот кикс беше направен во Купот каде се доживеа елиминација од Болоња на домашен терен.

„Нероаѕурите“ преку драма беа исфрлени и од Лигата на шампионите, меѓутоа севкупно гледано ова е позитивна кампања за клубот од Милано и за истата ќе биде награден тренерот Симоне Инѕаги со нов договор. Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер ќе ја промени стартегијата со Симоне кога се во прашање соработката, па така досега во два наврати тој потпишуваше едногодишни договори со тоа што сега тоа ќе биде сменето и наредниот договор ќе биде на две години.

Исто има и разлика кога е во прашање времето, досегашна пракса беше нов договор да се додели по крајот на сезоната за да сега Инѕаги биде награден пред завршувањето со тоа што се очекува тоа да биде кога Интер математички ќе го потврди Скудетото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни