Поврзете се со нас

Италија

Интер издоминира во дербито и го совлада Јувентус (Видео)

Објавено

на

Интер го победи Јувентус во големото италијанско дерби (2:0) и повторно ја зголеми разликата на табелата во однос на актуелниот шампион.

Тимот предводен од Антонио Конте покажа повеќе на средбата во Милано, а веќе во 13. минута поведе со голот на Видал кој успеа да се снајде најдобро во шеснаесетникот и со глава го совлада Шчесни.

До крајот на полувремето Интер пропушти неколку големи шанси да го зголеми водството, за разлика од безидејниот гостин кој не беше креативен во обидот да го совлада Хандановиќ.

Лошо поставените дефанзивци на Јувентус му овозможија на Интер да постигне гол од контра, во која Барела доби топка од голема далечина и го зголеми водството на 2:0, во 52. минута, а до крајот „бјанконерите“ имаа само една сериозна шанса и тоа во самиот финиш, премалку да се надеваат барем на бод од оваа средба.

Интер по ова кола има 40 бодови, седум повеќе од Јувентус, кој има и натпревар помалку, додека Милан со 40 бодови утре може да се врати на првото место со бодови во дуелот со Калјари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни