Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Инѕаги: Отсекогаш сум мислел само едно нешто за Гвардиола

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Интер влегува како аутсајдер во големото финале во Лигата на шампионите и во безброј наврати тоа донело профит за тимот кој не е фаворит на хартија, а навивачите на клубот се надеваат дека ќе се повтори такво нешто и претстојнава сабота во Истанбул.

Италијанскиот тим режираше голем успех со самиот влез во големото финале, но кога ќе се стигне до завршниот меч, јасно е е дека ќе се даде најдоброто од себе, дури и во ситуација кога за ривал ќе се има тим кој изгледаше перфектно во Европа оваа сезона.

Манчестер Сити на својот пат до финалето ги елиминираше Баерн Минхен и Реал Мадрид, па затоа Инѕаги смета дека само тимската сила може да го однесе Интер до триумф за паметење.

– Севкупно гледано, ова е најважен момент во мојата тренерска кариера. Се врати цел труд кој го вложивме изминативе години, ќе играме пред полн стадион. Ќе има многу турски навивачи и сигурен сум дека ќе бидат поделени за Чалханоглу и Гундоган. Не сум баш добар со процентите за одредување фаворит, но свесни сме дека ќе се соочиме со најдобриот тим во светот, тимот кој освои пет од последните шест титули во Премиер лигата, првенство кое важи за најконкурентно во светот.

– Покрај тоа, го имаат и Гвардиола. Ако сакаме да ги победиме, ќе мора да одиграме перфектно како тим. Пред себе ќе ги имаме најтешките противници предводени од тренерот кој го одбележа модерниот фудбал. Отсекогаш сум мислел само едно нешто за Гвардиола, тој е најдобар тренер во светот, – порача Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни