Франција
Имаше и „трето полувреме“: Непријателите Нејмар и Алваро приредија циркус во финалето во Франција (Видео)

Суперкуп натпреварот во Франција значеше враќање за Нејмар на фудбалските терени по незгодната повреда која ја заработи против Лион, но и соочување на двајцата непријатели кои го оправдаа таквиот статус со своите реакции во финалето, но и третото полувреме по крајот на истото.
ПСЖ го победи Марсеј со 2:1 во финалето и така Маурисио Покетино стигна до својот прв трофеј во тренерската кариера по само 11 дена во француската престолнина, но црна дамка на завршниот меч повторно остави дуелот кој го имаа двајцата играчи меѓу кои очигледно владее огромна омраза.
Нејмар и дефанзивецот Алваро беа дел од големите инциденти на почетокот на сезоната кога беа доделени дури пет црвени картони на дербито меѓу ПСЖ и Марсеј, па нетрпението и омразата дефинитивно се уште владее кај двајцата фудбалери, кои синоќа одново се најдоа во прв план.
Алваро не бираше средства да го сопре Нејмар и во неколку наврати погрубо го фаулираше, а посебно необично беше тоа што при еден старт направи прекршок со зафат на главата. Инаку, Бразилецот влезе во игра за последните 20-тина минути и тоа се покажа како доволно да постигне гол од белата точка, а при прославата, директно го провоцираше дефанзивецот на Марсеј.
Тоа продолжи и на социјалните мрежи каде директно го прозва Алваро по освоениот трофеј на ПСЖ, на што стоперот не остана должен и иронично му одговори со илустрација за боречкиот зафат.
– Моите родители секогаш ме учеа како да го фрлам ѓубрето, – порача Алваро.
Mes parents m'ont toujours appris à sortir les poubelles. Allez L’OM toujours💙 pic.twitter.com/wmJGbHTByQ
— Álvaro González (@AlvaroGonzalez_) January 13, 2021
Neymar and Álvaro González clash on Twitter after their first meeting since their clash earlier on in the season. pic.twitter.com/QdTORbwCsd
— Football Tweet (@Football__Tweet) January 14, 2021

- АТПпред 23 часа
Надал: Неверојатно е што правеше Медеведев против Ѓоковиќ, тоа е неприфатливо!
- Шпанијапред 22 часа
Тони Крос: Јас речиси никогаш не сум повреден, навистина не знам што прават соиграчите…..
- Светпред 24 часа
Фердинанд: Добивме доказ колку е лоша шпанската Ла Лига!
- Англијапред 22 часа
Тухел си ја призна грешката и го испофали својот херој: Тој тренира како да има 15 години помалку!
- НБАпред 22 часа
Дончиќ и Марјановиќ заиграа оро на паркетот, Американците се прснаа од смеа (Видео)
- Шпанијапред 21 час
Иниеста за својот наследник во Барселона: Тој е поразличен од сите други
- Англијапред 18 часа
Анхелињо: Гвардиола ме уби мене и мојата самодоверба!
- НБАпред 20 часа
Комплетирани се составите: Познати се резервите за Ол-стар битката во Атланта