Поврзете се со нас

Англија

Играчот кој е најавен како зимско засилување за Јунајтед: Знам за што сум способен…

Објавено

на

Манчестер Јунајтед е една од екипите која се очекува да биде активна во јануарскиот преоден рок особено откако пред некое време остана без најголемата ѕвезда, најзвучното име Кристијано Роналдо.

Приказната со Португалецот е завршена и сега клубот треба да продолжи понатаму со тоа што медиумите на површина исфрлија неколку имиња од кои прво е Коди Гакпо. Коди има фантастична клупска сезона во ПСВ, форма која ја префрли и во холандската селекција и станува се појасно дека ќе видиме негов трансфер во 2023 година.

-Сега се фокусирам на Светското првенство, но секогаш ми е убаво. Секогаш е убаво да се слушаат такви гласини. Но, јас само се обидувам да се фокусирам овде и да дадам се од себе, -истакна Гакпо за интересот од Јунајтед.

Foto:twitter.com/FIFAWorldCup

-Знам за што сум способен, но секогаш е предизвик да го достигнеш највисокото можно ниво. Сè уште не сум таму, мислам дека можам да се подобрам во многу работи. Тренерот е човек кој бара многу и се обидува да ме поттикне секој пат кога сум на теренот да станам подобар играч, па јас сум навистина благодарен за тоа, -дополни офанзивецот кој денеска со својот национален тим ќе се соочи со Катар на СП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни