Поврзете се со нас

Франција

Играчите и фановите на Ленс заборавија на коронавирусот по погодокот против ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Стадионот на Ленс вечерва беше делумно исполнет со лимитиран број на фудбалски фанови, но ако се гледа реално и објективно, пропишаното правило и мерките не беа воопшто испочитувани, бидејќи навивачите на домашниот тим заборавија на истите за време на големото славје.

Ленс го победи шампионот ПСЖ со минимални 1:0, а додека трагичар на вечерта беше голманот Булка кој направи аматерски кикс, фановите и играчите на Ленс ги собраа критиките на социјалните мрежи поради прекумерната прослава во услови на пандемија.

Погодокот на Ганаго пристигна по неверојатната грешка на Полјакот Булка, но овој погодок до толку им значеше на сите, што речиси сите играчи на Ленс го прославија истиот со неколку фановите кои ги напуштија своите места на трибините.

Во дадената ситуација во ниту една секунда не се почитуваа пропишаните КОВИД мерки, па сега останува да видиме каква ќе биде реакцијата на Федерацијата и дали ќе има промена во насока на посетеноста на фудбалските стадиони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни