Поврзете се со нас

Македонија

Играч со големо искуство пристигнува во шампионот: МЗТ ја пронајде замената за Максвел (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје пред неколку денови се раздели со американскиот интернационалец Еван Максвел кој не ги оправда очекувањата во Аеродром со што воедно клубот најави дека започнува потрага по негов наследник.

Како што стојат работите таа потрага веќе е завршена, односно „штрковите“ се договриле со 27-годишниот Александар Бурсаќ. Според „Моцартспор“ Бурсаќ и македонскиот првак си подале рака за соработка што секако е одлична вест за составот предводен од Александар Петровиќ.

Александар е српски интернационалец со значајно искуство, има играно во Шпанија за Манреса и Џирона, настапуваше за Задар и ФМП, а во својата татковина го носеше дресот и на Вршац и Војводина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни