Поврзете се со нас

НБА

Играч на Филаделфија не доби фаул во нападот за победа, па режираше луда сцена со судиите (Видео)

Објавено

на

Пресметката меѓу Филаделфија и Лос Анџелес Клиперс донесе голема драма во самата завршница, а во последните секунди имаше и потфрлање кое заврши со последен напад за домаќините.

Клиперси имаа водство од 107:108 и успеаја да се одбранат од последниот напад, па на тој начин ја осигураа и тесната победа во една од дерби пресметките на вечерта.

„Сиксерси“ пропуштија голема шанса за триумф и клучната топка ја имаше Кели Убре Јуниор, но наместо да слави, тој на крајот беше бесен на судиите.

Играчот на Филаделфија сметаше дека бил фаулиран и чекаше слободни фрлања од судиите, но наместо тоа, беше означен крај на мечот.

Пред да се упати кон соблекувалната, Убре со врела глава му се обрати на секој судија поединечно и на тројцата им порача дека се „ку.ви“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни