Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ после осум месеци му одговори на Лукаку: Милано никогаш немал крал! (Фото)

Објавено

на

Еден ден по блесокот кој го имаше на миланското дерби, Златан Ибрахимовиќ почувствува потреба одново да се огласи на социјалните мрежи, овојпат да му одговори на напаѓачот кој игра во противничкиот табор.

Златан очигледно не ги заборава лесно лошите спомени од последното дерби меѓу градските ривали, кое Интер го доби со 4:2 и по кое Ромелу Лукаку самиот се прогласи за „нов КРАЛ во градот“.

Осум месеци подоцна, Ибракадабра со своите два гола го предводеше Милан до прва победа во градските пресметки во Серија А по пауза од цели четири години, по што одлучи да му испрати и порака на белгискиот центарфор кој вчера беше стрелец на единствениот гол за Интер.

– Милано никогаш немал крал, имал само БОГ, – порача Златан во свој стил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни