Поврзете се со нас

Италија

Ибра се закачи со италијански новинар: Немој да зборуваш…(ВИДЕО)

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ се израдува на вчерашната победа на Милан во Лигата на шампионите, победа со која „росонерите“ го грабнаа последниот билет за осминафиналето на ова натпреварување.

Меѓутоа искусниот напаѓач во исто време имаше што и да му каже на еден италијански новинар кој пред некое време истакна дека месец декември ќе биде клучен за напаѓачот, односно дека е возможно да се пензионира ако работите не се онакви како што посакува самиот играч.

-Што зборуваш ти? Немој да одиш наоколу и да зборуваш дека нема да играм. Не смееш тоа да го зборуваш. Ако тоа од мене не си го чул, не смееш за тоа да зборуваш, -му порачал Златан на новинарот Алесандро Алчиато.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни