Поврзете се со нас

Репрезентација

Ибиши ќе му биде десна рака на Скендеровски во футсал репрезентацијата на Македонија

Објавено

на

Поранешниот член на Железарец, Бамбо Приштина, Јувентус Серава, албанска Едро Валона, Шкупи, Беса и Приштина Мабетекс, Орхан Ибиши ќе му биде асистент на Васко Скендеровски во футсал репрезентацијата на Македонија.

Ибиши е среќен што ќе има можност повторно да соработува со Скендеровски и се надева сите заедно ќе можеме да се радуваме на успеси на националниот тим.

-Најпрвин сакам да ја изразам мојата благодарност до Фудбалската федераија на Македонија за укажаната шанса да бидам дел од стручниот штаб во А футсал репрезентацијата. Убеден сум дека ќе имаме одлична соработка со селекторот Скендеровски. Заедно работевме во Железарец, освојувавме трофеи, бевме дел од Лигата на Шампиони и се надевам дека таа енергија ќе ја пренесеме и во заедничка работа со А селекцијата.

– Уште повеќе што со играчите во тимот се познаваме одлично и долги години игравме заедно. Наша прва цел е добра подготовка за двата дуели со Англија за пласман во главната фаза од квалификациите за ЕП. Македонија има квалитет да се избори за победа, иако во изминатиот период имавме и резултати кои не соодветствуаат на нашиот рејтинг. Тука сум да помогнам и се надевам дека мојот придонес ќе биде во функција на остварување подобри резултати на репрезентацијата, -истакна Ибиши.

Македонија во бараж мечот за влезот во главните квалификации за ЕП ќе се соочи со Англија, дуелите се закажани во периодот меѓу 2. и 11. ноември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни