Поврзете се со нас

Шпанија

Хуанфран проговори за најголемиот провокатор на теренот и болната епизода со Гризман: Ние го сакавме Антоан, но сега…..

Објавено

на

Диего Симеоне во целост ја промени кариерата на Хуанфран, добро познатиот шпански крилен фудбалер кој под водство на Аргентинецот се претвори во незаменлив бек на десната страна.

Поранешниот член на фудбалската школа на Реал Мадрид и голема ѕвезда на Осасуна доживеа огромна промена во својата прва сезона под водство на Чоло Симеоне, бидејќи се уште актуелниот тренер на Атлетико го врати неколку метри назад на теренот и од него направи фантастичен десен бек кој цели осум години беше дел од ростерот на „душекџиите“.

Хуанфран се збогува со своето семејство од Атлетико во 2019-та година, но потенцира дека се уште ги следи сите натпревари и жестоко навива за избраниците на Симеоне. Во интервјуто кое го направи за „Ел Ларгеро“, искусниот Шпанец го посочи Нејмар како најнеподнослив ривал на теренот, а имаше зборови и за Гризман кој реши да го напушти Атлетико за големиот ривал Барселона.

– Играчот кој најмногу ме вознемири на теренот беше Нејмар. Надвор од теренот ми кажаа дека бил добро момче, но на теренот е неподнослив. Постојано провоцира со топка и без топка. Ни јас не бев светец, но тој е неподнослив, – вели Хуанфран.

– Гризман? Ние си го сакавме Антоан, сакавме да биде наш симбол во Атлетико, но не беше така на крајот. Сега, претпочитам да му оди добро на Суарез, му посакувам поубави работи на Суарез отколку на Гризман, – вели десниот бек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни