Поврзете се со нас

АТП

Хрватски тенисер морал да излезе порано од работа за својот меч, па го победи Џек Сок

Објавено

на

Тениската јавност е импресионирана од приказната на Матија Пецотиќ, хрватски тенисер и успешен бизнисмен кој неочекувано се најде во второто коло на турнирот во Делреј Бич.

Пецотиќ кој има 33 години и се наоѓа на 784 место на АТП листата влегол како замена во квалификациите, преку кои избори место на главниот турнир, а таму го шокираше големиот фаворит Џек Сок.

Тенисерот работи на менаџерска позиција во голема компанија за продажба на недвижности, а вели дека морал да побара дозвола порано да излезе од работа за да го одигра мечот.

– Морав да излезам порано од работа, па праќав мејл и до цела екипа.

– Шефот ме ослободи, а утре ќе мора да барам слободен ден, – изјавил Пецотиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни