Поврзете се со нас

Светски првенства

Хрватите потопени од Данска, Катар е последниот четвртфиналист на СП

Објавено

на

Хрватската ракометна репрезентација доживеа тежок пораз од Данска од 38-26 во последниот меч од главната фаза на мундијалот, пораз со кој „коцкестите“ и дефинитивно останаа без четвртфинале на овој голем настан.

На Хрватите им беше потребна победа против Данците за да дојдат до нокаут рундата, но избраниците на Червар немаа доволно енергија, свежина да му се спротистават на вечерашниот противник кој настапи без најдобриот играч Хансен.

Скандинаците првиот дел го завршија со 17-15 за да во вторите 30 минути ги прегазат Хрватите во Каиро.

На овој резултат им се израдува селекцијата на Катар која претходно ја совлада Аргентина и со тоа дојде до втората позиција која ќе им овозможи четвртфинале против Шведска.

ЧЕТВРТФИНАЛНИ ПАРОВИ НА СП:

ДАНСКА – ЕГИПЕТ

ШВЕДСКА – КАТАР

ШПАНИЈА – НОРВЕШКА

ФРАНЦИЈА – УНГАРИЈА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни