Поврзете се со нас

Европски првенства

Хрватите понудија борба, но немаа сила за моќната Данска

Објавено

на

Хрватска е далеку од времето кога тежнееше кон медалите пред секое големо ракометно натпреварување, бидејќи транзицијата која владее кај „каубоите“ е процес кој не се завршува преку ноќ и ќе биде потребно време за да се вратат во светската елита.

И покрај ова, мора да се признае дека Хрватите вечерва понудија одлична борба против главниот фаворит за златниот медал, репрезентацијата на Данска која продолжи да чекори кон пласман во полуфиналето на Европското првенство.

Подмладената Хрватска одлично парираше во најголем дел од мечот и доста често беше блиску и имаше само минус еден негатива, но сепак немаше доволно сили да направи изненадување и на крајот се помири со тесен пораз.

Моќната Данска си ја заврши својата задача и запиша нова победа во главната фаза на континенталниот турнир, овојпат изразена со резултат 27:25.

Хансен беше немилосрден како и обично и беше најдобар стрелец со осум погодоци, два помалку постигна Јакобсен, додека лидер во нападот на Хрватска беше Мариќ кој исто така постигна осум погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни